00-те милиони евра од ЕИБ за мали и средни претпријатија, а во текот на оваа недела проектите ќе бидат доставени до ЕИБ.
Како што соопштија денеска од кабинетот на министерот, речиси 90 отсто од проектите во првата транша се долгорочни инвестиции. Најмногу се инвестира во деловни објекти, опрема и транспортни средства, а помалку во обртни средства.
Министерот Тевдовски посочил дека малите и средни претпријатија се важен дел од нашето стопанство, бидејќи тие претставуваат над 99 отсто од вкупниот број претпријатија кај нас кои учествуваат во креирањето на бруто-домашниот производ со преку 55 отсто и во креирањето на работни места со 75 отсто. Од таа причина, посочил министерот, Владата преку оваа кредитна линија, како и низа други мерки се залага да обезбеди пристап до капитал за овие претпријатија.
-Евтините кредити од ЕИБ за мали и средни претпријатија во вкупна вредност од 100 милиони евра се наменети за реализација на нови проекти, нови вработувања, зголемена ликвидност и зголемен извоз за малите и средни претпријатија. Со ова, но и преку активните мерки за вработување и мерките за поддршка на претпријатијата се поддржува секторот на мали и средни претпријатија, кој од исклучително значење за економијата, посочил Тевдовски.
Во септември минатата година министерот за финансии Тевдовски, потпретседателот на ЕИБ, Ендрју МекДауел и директорот на МБПР Мартиновски потпишаа договор за нова кредитна линија од 100 милиони евра за мали и средни претпријатија. МекДауел тогаш порача дека поддршката од ЕИБ ќе расте со напредокот на земјата во ЕУ-интеграциите и изрази силно уверување дека започнува период на продлабочување на соработката.
Оваа кредитна линија е петта по ред од ваков тип. Вкупниот износ на финансирање од ЕИБ достигнува 450 милиони евра