Трговски морски градови преку кои се одвиваше голема трговија на стоки и пари меѓу државите

ТРГОВСКИ МОРСКИ ГРАДОВИ ПРЕКУ КОИ СЕ ОДВИВАШЕ ГОЛЕМА ТРГОВИЈА НА СТОКИ И ПАРИ МЕЃУ ДРЖАВИТЕ

Големите трезори со пари што се собираа, Птолемејците ги зголемија со парични манипулации, бидејќи во Египет го воведоа античкиот грчки банкарски систем, но целосно изменет со монополизирање на целата банкарска деловност. Преку нивната централна банка во Александрија, тие исто така направија монетарна трансакција со странските држави. Тоа може да се заклучи од изјавата во периодот на Првата пунска војна кога Картагенците го замолиле Филаделф за заем од 2.000 таланти, но тој тоа го одбил, со цел да ја зачува својата неутралност спрема Рим.

Наспроти оваа апсорпција на државни функции, Птолемејците го поткрепија колку што е можно економскиот развој на античките Грци во селата и во градовите, додека Египќаните ги оставија во нивната претходна положба. Една од главните цели на Птолемејците, како и на Александар Македонски – а исто така, како што видовме и кај Селеукидите – беше да ги привлечат античките Грци во својата земја, a co тоа, наспроти сите кралски монополи, поволната прилика треба да им овозможи поголем напредок и богатство во нивната земја.

За ова постојат само делови од информации кои покажуваат како беше спроведено тоа во практиката. На пример, беше оставено на античката иницијатива да се донесат од сомалискиот брег суровини, мириси и мира за кралскиот монопол на мирудии. Тоа беше опасна работа, но корисна, поради големата разновидност на трговскиот круг на Александрија. Слично на тоа, но во друг случај, античката грчка претприемчивост била успешна. Се разбира, со оглед на системот што преовладуваше, оваа при ватна активност на античките Грци не може да биде она што беше привилегија регулирана од кралот.

Ова повторно одговара на современиот меркантилизам, кој е корисен колку и споредбата и толку колку што помага да се средат деталите на документите во една општа концепција, при што не смее да не се забележат големите разлики: спротивно на современите меракнтилисти, кои им служеа на интересите на националните држави, птолемејскиот меркантилизам имаше финансиски карактер, бидејќи отсуствуваше идејата за национална држава. Оваа кратка скица на птолемејската економија мора да задоволува, зашто наш предмет не е елинистичкиот период, туку единствено се земаат предвид ефектите од делото на Александар Македонски.

Економските револуции опишани и изведени по освојувањето на Азија и Египет од Александар Македонски, кои го инфилтрираа античкиот грчки трговец и индустријалец на Исток, го зголемија влијанието врз економскиот развој на самата Античка Грција. Целата основа на античката грчка трговија во Медитеранот навистина беше изменета. До Александар Македонски, Атина, потпомогната од својата централна позиција, меѓу античките грчки колонии, со своето првокласно пристаниште Пиреј, беше природен центар на античката грчка трговија уште од деновите на првата Атинска лига.

A2

Коринт

Во почетокот, изгледа, перспективите што ги отворија револуциите за препород на трговијата и индустријата, корисно влијаеја врз економскиот развиток на Античка Грција. Дури и во годините (317-307) кога во Атина владееше Деметри од Фалерум, Античка Грција доживуваше голем економски напредок. Во тоа време, Исток, отворен од Александар Македонски, сигурно сакаше да се оддели од деловниот живот на мајката земја.

Кога новите трговски градови на Исток – Александрија, Антиох, Селеукија на реката Тигар – огромно пораснаа и станаа гигантски градови кои најпосле ги надминаа големите градови од постарите времиња со своите неколку стотини илјади жители, центарот на економскиот живот се пресели на Запад. Природно, градовите на мајката земја просперираа бидејќи имаа многу попогодна географска положба во споредба со новиот свет, додека другите пропаднаа.

Некој може да направи споредба со она што се случи по откривањето на Америка. Европските држави кои се свртија кон новиот свет доживеаја голем напредок, а Лисабон, Антверпен и Лондон ја имаа водечката улога во светскиот пазар, што претходно ја држеа Венеција и Џенова. Така Атина, којашто веќе не беше во центарот на античкиот промет беше лишена од својата доминантна позиција на Коринт, ќој стана прв трговски град на Античка Грција и остана како таков се’ до неговото брутално уништување од Римјаните (146).

A3

Островот Родос

Оваа предоминација на Коринт се должи на неговата погодна положба на Истмус, кој за поморците што сакаа да го избегнат носот Малеа беше природен полпат меѓу Исток и Италија. За да се избегнат непријатностите на транспортот на стоките преку Истмус, Деметри, синот на Антигон, размислуваше да направи премин. Проектот делумно беше прифатен во античко време, но неговото изведување беше оставено на современите инженери (1893).

Погодна позиција за тоа имаше островот Родос, сместен точно каде што се сечеа трговските патишта, кои водеа од Александрија преку море кон север, а од Антиох и Тир кон запад, па затоа беше означен како место за средба меѓу древниот и современиот свет. Важно е да се каже дека изградбата на бродови на Родос стана совршена и како резултат на тоа бродовите за пловидба исклучиво беа употребувани во трговски цели, подобро да се одделат од брегот и да се управуваат преку отвореното море.

Co погодниот ветер можеше да се плови од Александрија до Родос за четири дена, а оттаму до Крим беа потребни повеќе од десет дена. Бидејќи целата трговија на Александрија до Античка Грција одеше по патот кон Родос, имаше многу блиски односи меѓу островот и Птолемејците. Родос, кој не беше управуван од радикална демократија, туку беше република од добро организирани трговци, наскоро се разви во истакната трговска сила, и во времето како и секој стар град ја употребуваше воената флота, со која го чуваше морето од пиратите, со цел да ја заштити својата трговска политика.

За античките грчки градови на западниот морски брег на Мала Азија настапи период на развој по нивното ослободување од персискиот јарем. Дијадохите го зголемија овој напредок – Антигон со повторната изградба на Смирна, а Лизимах со повторната изградба на Ефес. Потоа дојдоа ефектите од силната елинизација на Мала Азија од страна на Селеукидите, преку кои во голема мера се разви трговијата во внатрешноста на земјата.

Величествените згради од овој век, дури и нивните урнатини, сведочат за богатството на овие антички грчки градови во Мала Азија. Во текот на времето нивниот просперитет беше во опасност од ненадејните напади на Галите. Поголем пустош беше направен подоцна од Римјаните со оданочувањето на селаните откога провинцијата Азија им беше дадена од Гај Грах. Но, Цезар им даде помош на градовите и со Август беше воспоставен уште еден успешен период.

Поттикот што Александар Македонски и’ го даде на трговијата, општо земено, беше од корист за неговата родна земја Античка Македонија. Двата пристанишни града изградени од Цезар – Касандра (Потида) и Тесалоники (Солун) – израснаа во важни центри на трговијата. Во текот на долгото и умно владеење на Антигон Гонат (277-239) и Македонија имаше голем економски напредок.

Суштествена претпоставка беше што Античка Македонија, откако уште еднаш стана независно кралство, повеќе не беше регрутирачко место за другите владетели. Од друга страна, пак, елинистичките кралеви започнаа да ги привлекуваат од Античка Грција силните мажи за својата флота и за војската.

Пред времето на Александар Македонски, како што видовме, Античка Грција страдаше од пренаселеност со тоа што безземјашите копнееја за проширување, а сега во текот на третиот век, поради наведените причини, прекумерно се населуваа и беа зацврстени на Исток, за да започне во вториот век фаталното опаѓање на тој број, не поради емиграцијата, која имаше подолг прекин, туку од економски, социјални и морални причини, што ги наметна мизеријата на римската власт, што беше изразена, како што вели Полиби, со промислено ограничување на семејствата на едно или две деца.

Ефектите на економската револуција изведена од Алексаидар Македонски наскоро се почувствуваа на запад од медитеранскиот басен. Античките Грчки градови на Сицилија и во долна Италија, кои секогаш беа во трговски врски со источните антички Грци, не можеа да ги прифатат промените што се случија на Исток, особено кога Птолемејците започнаа да бараат трговски односи со Запад.

A4

Трговскиот Солун

Агатокле очигледно беше првиот кој воспостави врски со Исток. Тој не само што по примерот на Диадохите ја присвои титулата крал, како дијадема, туку преку женењето со ќерката на Птолемеј I бараше да стапи во сојуз со новата египетска династија. Во економската сфера тој ја изрази оваа врска со усвојувањето на сребрените пари на птолемејскиот (феникијски) стандард.

Тоа беше усвоено и од Масалија. Кралот Хиерон од Сиракуза (трет век) ги продолжи овие односи со Потлемејците. Тој го претстави кралот Птолемеј со гигантски брод, изграден за транспорт на пченка и патнички сообраќај меѓу Исток и Запад. Уште поважно е да се согледа дека врз неговиот систем на даноци влијаеше елинистичкиот Исток. Во секој случај неговиот закон за даноците, публикуван од Цицерон, покажува изненадувачко сродство со законот за неговиот современик Филаделф, кој го регулираше плаќањето на даноците, познато од папирусите.

Дури и надвор од античкиот грчки свет, трговските држави на Запад имаа врска со елинистичкиот Исток. Таков е случајот со Картагена, најголемиот град на Запад, кој, како што се покажа, со барањето да воспостави економски врски со Филаделф, што веќе е спомнато, имаше пријателски односи со Птолемејското кралство. Трговијата со Александрија е докажана преку пронајдоците во картагенските гробови, во кои е најдена постапна замена на елинистичките увезени стоки од Александрија со чисто египетски артикли.

Продолжува

 A5

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *