Заев и Манчевски на средба со еврокомесарката Габриел и амбасадорот Жбогар

Премиерот Зоран Заев и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска ќе имаат средба со еврокомесарката за дигитална економија и општество Марија Габриел и амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар.

Како што соопшти владината прес-служба, по средбата двете делегации ќе заминат во ИНОФЕИТ – кампусот на технички факултети во Скопје каде ќе се обратат на презентацијата на концептот на Научно – технолошки парк во чии рамки ќе започне со работа и Деловно-технолошкиот акцелератор УКИМ.