50 – ГОДИШЕН БРАЧЕН ЖИВОТ НА СТИВ И ЛИЛИ ПЉАКАС
На 24 јануари 1965 година Лили и Стив Пљакас го кажале своето судбоносно – да, со што влегле во брачните води. Нивниот брак бил регистриран пред црковниот олтар и мистичен подиум во Македонскиот православен храм „Свети Климент Охридски”’ во Торонто, добивајќи благослов за долг, среќен и берикетен заеднички живот. Тие влегоја во историјата на Светиклиментовиот дом во Торонто како втора брачна двојка која се регистрирала во првата македонска православна црква на територијата на Канада
Во животните врвици посебно место кај Стив Пљакас има брачната идила, брачните години сместени во убавата приказна со неговата сопруга Лили. Тоа е навистина долгодецениско животно „соѕвездие” кое останува да биде една хармонична, прекрасна сторија. Има многу да се пишува и да се раскажува за нивните заеднички години, затоа во оваа прилика авторот на овие редови Славе Катин ќе се обиде да пренесе барем дел од заедничкиот живот на Лили и Стив.
Почетокот на љубовната идила на двајцата млади Стив Пљакас на возраст од 25 години, по потекло од село Зелениче и малолетната Лили Ѓиану на 16-годишна возраст, од селото Желево, Леринско е кога им се сретнуваат погледите. Се запознаваат убавата мома и стаситото момче и веднаш се раѓаат првите симпатии на идната брачна двојка.
Почнува голема љубов, се разменуваат прстени и се дава збор за свршувачка. Набргу потоа следи и раскошната венчавка, натаму пак, радоста со приновите, со раѓањето на двете ќерки, Маргарет и Џини и зетовците Џорџ и Алек, што е, всушност, многу интересна и по многу нешта специфична сторија, која го прави нивниот брак хомоген и толку среќен, особено со внучињата:Анџела, Стивен, Кристифор и Стефан.
Бидејќи низ целовитата приказна сместена во овој биографски труд, се испреплетуваат и се компонирани многу лично-брачни и семејни мозаици, затоа ќе издвојуваме дел по дел од настаните, за да ги заокружуваме во една небаре филмска сага за фамилијата Пљакас (Пљаковци) од Канада.
Се враќаме на венчавката на Лили и Стив. Имено, на 24 јануари среде зима 1965 година, двајцата млади и убави Лили и Стив, го кажуваат своето судбоносно – да. Конечно влегуваат во брачните води. Застануваат пред црковниот олтар и мистичен подиум во Македонскиот православен храм „Свети Климент Охридски”’ во Торонто, добивајќи благослов за долг, среќен и берикетен заеднички живот.
Тој е многу голем ден за нив, за двете семејства и за нивните роднини и пријатели. Тоа е исклучителен чин кога си даваат завет за верност и кон Бога упатуваат молитва за среќа, радост и успеси во идните заеднички години, во идниот нивен живот.
Влегуваат во историјата на Светиклиментовиот дом во Торонто како втора брачна двојка која се регистрирала во првата македонска православна црква на територијата на Канада. Свештеникот кој во тоа време службуваше, познатиот битолски преспанец – Атанас Поповски, го овековечи исклучително радосниот миг со библиските зборови, со оние што се чита од каноните при влегувањето во брачните води. А кога свечено ги ставиле и потписите во црковната книга дека конечно ќе се заедно засекогаш, одекнал спонтан, долг аплауз.
Роднините и пријателите кои присуствувуале, а биле повеќе од 200, ги опсипале со многубројни благопожелби низ искрените честитки за долговечен брак. Тие од срце посакале заеднички среќни години на младенците, кои со рожби треба да ја продолжат семејната лоза. Потоа следела богата гозба од кејтеринг сервисот на познатиот битолчанец Ван Петров. Храната и пијалакот изобилувал со најразновидни македонско-канадско-интернационални специјалитети. Токму било погодено и за најпребирливите вкусови на сите присутни гости.
Среќни зетот и невестата ги споделиле емоциите со своите најблиски, со фамилиите и пријателите. И сето тоа пред иконите на Севишниот Бог и Мајката Божја, во македонски храм со македонски свештенослужител, пред погледите на светците и ангелите извишени над нив во храмот. Сè на сè, незаборавни мигови кои остануваат длабоко меморирани во прекрасните венчални спомени на Лили и Стив.
Низ годините и децениите ништо не избледило, туку напротив, со големи чувства пак се сеќаваат, речиси на секој детаљ од тој славен ден, кога застанале пред олтарот во Светиклиментовиот духовен храм во Торонто. Биле млади и вљубени. Влегле во заедничкиот живот со бескрајна доверба. сплотеност и за вечна припадност еден кон друг.
Лили и Стив на Нијагарските Водопади
Тоа бил почетокот на нивниот живот. Почетокот на пет децениибрачен заеднички живот кои ќе се редат натаму, како јубилеи, дијамантски свадби, годишнини, средби и други семејни радости. Педесетте години во брачните води беа свечено прославени и запаметени, зошто се прослави една богата, интересна, несекојдневна и по многу нешто различна приказна за Лили и Стив Пљакас.
Меѓникот беше на 24 јануари 1965 година. Среде зима, во студената Канада. Половина век потоа, еве следи и монографски документ за минатото и сегашноста на оваа позната и призната македонска брачна двојка во Канада. Книга со овековечената чудесна животна реденица, која веројатно ќе биде и силен поттик, мотив и инспирација можеби и за идните брачни двојки.
За да се посветат еден на друг и кога е животекот весел, среќен и возбудлив, но и кога доаѓа соочување со морничави и мачни ситуации и денови. Затоа, препораката е вакви дела кои ја осветлуваат животната приказна и вистината за македонскиот народ да оставаат и други Македонци во светот по примерот на Лили и Стив Пљакас.
Со венчавката во Македонската православна црква „Свети Климент Охридски” во Торонто, кај Стив и Лилли кулминираа чувствата и љубовта на еден кон друг, кон Македонија, македонските корени и воопшто кон сè што е македонско.
Во 50 годишниот брачен живот Лили и Стив прво живееја во Торонто, а потоа се преселија во Њумаркет, каде среќно живеа. Меѓутоа, во последните десетина години во летниот период живеат во Маркам или патуваат за Македонија и на многу места ширум светот, а во есенскиот и во зимскиот период беа едни од Македонците кои се преселуваа како птиците преселнички од Канада во Флорида.
Митрополит Кирил, Стив и Лили
Треба да се нагласи дека Лили и Стив Пљакас останаа едни од најактивните во македонската заедница во Торонто. Меѓу другото, Стив Пљакас, кој потекнува од селото Зелениче, Леринско бил претседател на организацијата „Обединети Македонци“ и еден од најактивните во текот на одржувањето на Средбата на децата бегалци од Беломорска Македонија во 1988 година, што се одржа во Република Македонија.
Тој бил и претседател на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто и е првиот Македонецот кој отиде во посета на Хунзите во Пакистан да ги открие и да остави вечна трага кај едни од потомците на Александар Македонски во големата Македонска Империја.
Лили и Стив Пљакас беа едни од спонзорите на учесниците на олимпијадата од Република Македонија на Олимписките игри во Атина и во Пекинг, каде Стив го носеше македонското знаме и, покрај спортистите, тогаш тој беше најгордиот од сите горди Македонци во светот.
Лили Пљакас, животниот сопатник на Стив, пак, е родена во селото Желево, Леринско, која усте малечкс го напуштила родното огниште и патиштата ја однеле во Полска, а потоа дошла во Канада. Таа со своите активности во женските секции на македонските православни цркви во Канада и Флорида и други асоцијации е позната и призната Македонка.
Лили, заедно со Стив, меѓу другото, се донатори на инструмент за дијализа во болницата во Скопје, финансиски поддржувачи на голем број активности на Македонците во Канада и САД, како и на македонските православни цркви, фолклорни друштва, медиуми и различни македонски асоцијации во Македонија, во Беломорието, во Пирин, во Албанија и други места ширум светот каде живеат Македонци.
Исто така, Стив и Лили Пљакас и нивното семејство со своите бизниси играат значајна улога во канадското општество. Меѓутоа, се чини дека тие особено се познати пo трговскиот центар именуван како „Македонската плаза“ во Њумаркет, во Канада единствен од таков вид во македонската дијаспора.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН