Претседателот Иванов посети семејства на загинати во автобуската несреќа

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во Гостивар ги посети семејствата  УзеириТрпевски и Исмаили, чии членови се меѓу загинатите патници во вчерашната автобуска несреќа на патот Скопје – Тетово, изразувајќи им најдлабоко сочувство за претрпената загуба, соопшти Кабинетот на Иванов.

Претходно во Општина Гостивар македонскиот претседател присуствуваше и се обрати на  комеморативната седница во чест на загинатите граѓани. Рече дека  тагата треба да ја споделуваме и да помислуваме на живите и како на најблиските да им помогнеме да ги пребродат овие најтешки моменти во нивниот живот .