Во Агенцијата која ќе биде задолжена за спроведување на Законот за јазиците ќе има вработувања, доколку има реална потреба за тоа. Првично, ќе се користат внатрешните ресурси што ги има Владата во рамки на постојните институции.
– Првично во Агенцијата за спроведување на Законот за јазиците ќе се користат внатрешните ресурси кои ги има Владата во рамки на постојните институции, но доколку реалната ситуација укаже на тоа дека тие ресурси не се доволни, тогаш ќе има вработувања, рече владиниот портапрол Миле Бошњаковски на денешната редовна прес-конференција.
Вчера, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за формирање на Меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците. Таа ќе треба да подготви акциски план за спроведување на законот во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на одлуката, да ја следи динамиката на реализација на акцискиот план и да им дава насоки на институциите во функција на координирање и операционализирање на мерките и активностите согласно тој план.