Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба во Загреб со премиерот на Република Хрватска претседател на сестринската партија ХДЗ Андреј Пленковиќ.
На средбата Мицкоски и Пленковиќ разговара за актуелната политичка и економска состојба во Република Македонија.
Мицкоски го запозна премиерот Пленковиќ за корупцијата и криминалот, како и затоа дека Македонија е заробена држава каде што се тргувува со правото и правдата од страна на актуелната влада на СДСМ и Зоран Заев.
Го запознав со состојбите во Република Македонија при што ја пренесов мојата загриженост поради растечката корупција, криминал и заробена држава, трговијата со правото и правната држава, назадувањето на евро интеграции, како и отворениот сомнеж за можен фалсификат на претстојните избори, вели Мицкоски.
Двајцата соговорници нотираа дека оваа средба била добра за да се разменат искуствата и да се интензивира меѓусебната соработка помеѓу двете земји, како и добрата соработка меѓу двете сестрински партии и подготвеноста дополнително истата да се продлабочува во периодот што следи.