Основната јавна обвинителка Русковска се сретна со британската амбасадорка Галовеј

Основната јавна обвинителка Вилма Русковска денеска оствари средба со британската амбасадорка Рејчел Галовеј, на која било разговарано за предизвиците со кои секојдневно се соочува и за подготвеноста на обвинителството да се справи со организираниот криминал и корупцијата.

Како што се наведува во соопштението од ЈОРМ, амбасадорката Галовеј, на средбата, ја истакнала важноста на обвинителството за владеењето на правото во земјата, како и во процесуирањето на предметите од областа на економскиот криминал и корупцијата.