СДСМ: Македонија доби место во НАТО, обезбедена светла и сигурна иднина за граѓаните и државата

Македонија го доби своето место во НАТО, обезбедена е светла и сигурна иднина за граѓаните и државата

Земјите членки на НАТО го потпишаа Протоколот за пристапување на Македонија во Алијансата, Македонија доби свое место во најмоќниот безбедносен сојуз во светот.

Од земја во долгогодишна изолација и  неизвесност, Македонија денес е на иста маса, рамо до рамо со државите од демократскиот свет.

Потпишувањето на Протоколот е потврда за успешната меѓународна политика, признание за вложениот труд во реформите, визионерството во решавањето на отворените прашања со соседите  и градењето пријателски однос со демократскиот свет.

Интеграцијата во НАТО  значи гарантирана безбедност и стабилност, сигурност на нашите граници но и огромни економски придобивки за граѓаните, пораст на инвестициите, повеќе пари, зголемен економски раст.

Обезбедена е светла и сигурна иднина за граѓаните и државата.

Успехот на Македонија е успех на сите граѓани и најголем пораз за сите деструкции, на сите обиди да се спречи напредокот на земјава кон НАТО, да се блокираат процесите кои не водат напред.