Потпишувањето на Протоколот за Баша голем настан за регионот , за Бушати посигурен регион

Потпишувањето на Протоколот за прием на Македонија во НАТО го поздрави лидерот на најголемата албанска опозициска партијата, Демократската, Љуљзим Баша, оценувајќи го како голем настан за регионот.

-Членството на Северна Македонија во НАТО е голем настан за нашиот регион. Проширувањето на НАТО на Балканот е одлучувачки придонес за безбедноста, мирот и вредностите на демократијата, оценува Баша.

Според него во ова големо достигнување, посебен придонес има политичкиот фактор и волјата на Албанците во Северна Македонија, кои го подржале и се определиле, без двоумење, за ова историско достигнување.

-Горд сум што во ова големо достигнување политичкиот фактор и волјата на Албанците во Северна Македонија го поддржаа и се определија без двоумење за ова историско достигнување, смета Баша.

Потпишувањето на Протоколот го поздрави и екс министерот за Европа и надворешн работ, Дитмир Бушати, оценувајќи дека тоа значи посигурен регион.

-Потпишувањето на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО е доказ за триумфот на евроатлантските вредности во нашиот регион .Честитки за сите оние кои работеа на тоа да го овозможат ова историско достигнување, особено албанскиот политички фактор во Северна Македонија, кој секогаш работеше за влез во евроатлантскиот тек. Албанија секогаш ја подржува мултиетничка, демократска, вклучена во НАТО и ЕУ, Северна Македонја, напиша Бушати  на социјалните мрежи.

Претходно потпшувањето на протоколот го позрав и шефот на албанската држава, Илир Мета  минстерката за одбрана Олта Џачка, оценувајќ го како „чин на  гаранција за безбедноста и стабилноста во регионот“.