Мицкоски: Потребна е конструктивност од двете страни

Конструктивноста не треба да биде во една насока, таа треба да биде двонасочна, порача вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по средбата со премиерот Зоран Заев и најави дека и во иднина најголемата опозицска партија ќе продолжи да биде конструктивна, а тоа го очекува и од Владата.

На средбата во Владата, која траеше околу час и половина, биле отворени повеќе прашања на неколку теми, а како што рече Мицкоски, имале и различни мислења, но според него за тоа и треба да се дискутира и во иднина.

Тој рече дека партијата во моментов се координира, а во текот на утрешниот ден ќе соопшти дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе се вратат во Собрание.