Можно е да сакаме да се скриеме за нешто што за нас е од историска важност, како што е Договорот од Преспа?, прашува министерката за труди и социјала на Грција, Ефи Ахциоглу, во интервју за грчкото радио „Сто Кокино“ одговарајќи на обвинувањата од опозициската Нова демократија дека со одлуката за покачување на минималната плата, владата се обидува да ја дефокусира јавноста од Договорот од Преспа.
Грчката министерка потсетува дека одлуката за зголемувањето на платите одамна била соопштено и најавена за втората половина на јануари, без тогаш владата да знае дека во исто време ќе биде и ратификацијата на договорот, јави дописничката на МИА од Атина.
-Договорот од Преспа е политичка одлука што силно ја поддржавме и ја поддржуваме, а за која премиерот презеде голем политички ризик. Дали е можно да се обидеме да се скриеме за нешто што сметаме дека ја обележува нашата политика и е клучно за неа? За договорот од историска важност што силно поддржуваме дека решава долгогодишен проблем во односите на двете земји и двата народи и ја унапредува улогата на земјата на Балканот. Можно е да сакаме да се скриеме поради ова?, вели Ахциоглу за грчкото радио.
Порптаролката на Нова демократија, Мариа Спираки, како што вчера објави МИА, рече дека владата во обид да избега од Преспа од фиока ја извадила можноста за зголемување на минималната плата, нешто што можело да се направи уште во септември минатата година.