Собраниската Комисија за култура денеска ги разгледа и ги проследи во натамошна собраниска процедура предлог законите за изменување и дополнување на законите за култура, за заштита на културното наследство, и за филмската дејност, трите во второ читање.
За предлог законите не беа доставени амандмани и немаше дополнителна расправа.