НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ПРОДОЛЖУВА ДА ГО ПОТЦЕНУВА СОПСТВЕНИОТ НАРОД! МЕДИУМСКИТЕ ГАВАЗИ И ПОДДРЖУВАЧИ ГО СЛАВАТ АЛЕКСИС ЦИПРАС КАКО НИВЕН ХЕРОЈ! СРАМ И АРАМ ДА ИМ Е!
Говорот на Грчкиот Премиер во заминување пред ратификацијата на Договорот Заев-Ципрас е сведоштво за тоа како сите Грчки елити го доживуваат фашистичкиот геноцид на нашите браќа и сестри Македонци во Егејска Македонија! Тезата дека Комунистичката партија е виновна што на 70 илјади протерани, како што Ципрас срамно ги нарече „славомакедонци“, да се вратат во своите огништа, не е ништо друго туку бетонирање на Грчкиот национализам и радикализам со кој Македонците од Егејска Македонија од нивна страна се доживуваат исклучиво како Грчки Македонци, кои биле словенизирани. По радикално здравје! И што има тука да се воспева и слави?
Заради изродите на Македонскиот народ во нашата Татковина следи, откажување од историската вистина дека со Букурешкиот договор во 1913 ни е одземена Егејска и Пиринска Македонија, дека Македонците од овие територии се брутално асимилирани, заборавање дека заради Грчката асимилаторска политика насилно се променети Кукуш во Килкис, Сер во Серес, Воден во Едеса, Солун во Тесалоники што е историски факт дека тоа што го зборува Ципрас е лага! Зошто ако е точно дека Македонците од Егејска Македонија се словенизирани Грци морале да ги сменат топонимите?
ДА БИДЕМЕ НА ЧИСТО! ЦИПРАС НАЈМАЛКУ ШТО ТРЕБАШЕ ДА СТОРИ Е ДА ИЗВИНИ ВО ИМЕТО НА ГРЦИЈА ЗА СТРАДАЊЕТО НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА! ФАКТ Е ДЕКА НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА СЕ ОТКАЖА ОД НАШИТЕ БРАЌА И СЕСТРИ ВО ЕГЕЈСКА И ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА КОИ ВО 21 ВЕК НЕ МОЖАТ ДА ГИ ДОБИЈАТ ОСНОВНИТЕ ЧОВЕКОВИ ПРАВА И СЛОБОДИ! ТОА Е ТРИУМФ НА ГРЧКАТА НАЦИОНАЛИСТИЧКА ПОЛИТИКА!
ДОПРВА ЌЕ БОЛАТ КАПИТУЛАЦИИТЕ НА НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА СО БУГАРИЈА И ГРЦИЈА! НО, НЕМА ОТКАЖУВАЊЕ! МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЌЕ ПОБЕДИ И ОВОЈ ПАТ И ЌЕ СИ ГО ЗАЧУВА НАЈСВЕТОТО!
НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА