Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат комисиите за финансирање и буџет, за транспорт, врски и екологија и за култура.

Членовите на Комисијата за финансирање и буџет ќе ги разгледаат  измените и дополнувањата на Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати  во прво читање и Годишниот извештај за работата на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во 2017 година.

На дневен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија се годишните програми за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2019 година и на Агенцијата за пошти за 2019 година.

Пред членовите на Комисијата за култура ќе се најде Предлог-програма за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во Република Македонија за 2019 година.