Новогодишни пакетчиња за деца без родители во Кичево

Во просторите на хуманитарната организација „Класје на добрината” во Кичево денеска беа доделени 64 новогодишни пакетчиња за деца без родители од кичевскиот регион.

Пакетчињата се обезбедени од печалбар од Кичево кој живее и работи во САД, кој побарал да остане анонимен и тоа го прави чисто од хуманитарни причини.

Децата добија пакетчиња со прехрамбени продукти и од компанијата „Зегин”.

Преседателот на огранокот на „Класје на добрината“ во Кичево Ќамил Рушити по доделувањето изрази благодарност на донаторите кои, како што рече тој, секој месец симболично им помагаамет на децата.