СЕ ШТО ТВРДЕВМЕ СЕ СЛУЧУВА! ЗАЕВ, ДИМИТРОВ И ШЕКЕРИНСКА НЕ САМО ШТО НЕ ГО ОБЕЗБЕДИЛЕ МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ, ТУКУ МОРА И СО ПИСМО ДА ГО ПРИЗНААТ ЖРТВУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! ДА МУ СЕ ПОКЛОНАТ НА ЕГЗЕКУТОРОТ И ДА ГО ОДОБРОВОЛАТ ДА ГО РАТИФИКУВА ДОГОВОРОТ ЗАЕВ – ЦИПРАС.
ШТО Е ТОА ШТО ЈА ТЕРА ОВАА НЕМАКЕДОНСКА ВЛАДА ТОЛКУ ДУШМАНСКИ ДА СЕ ОДНЕСУВА КОН СОПСТВЕНИОТ НАРОД? ДА ЛАЖАТ СО МЕСЕЦИ ДЕКА ГРЦИЈА ГО ПРИЗНАВА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ ЗА ДА ВЧЕРА СО ПИСМОТО НА ДИМИТРОВ ДА СООПШТАТ ДЕКА ПРИДАВКАТА МАКЕДОНСКИ СЕ ОДНЕСУВА САМО НА ДРЖАВЈАНСТВОТО.
ЗА КАКОВ ТРИУМФ ЗБОРУВААТ ЗАЕВ, ДИМИТРОВ И ШЕКЕРИНСКА? СО ПРЕДАВСТВОТО НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА СПРОВЕДУВА ПРОЕКТ ЗА НОВА ВЕШТАЧКА НАЦИЈА И ДРЖАВА. СО ДОГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА И ГРЦИЈА, СО ЗАКОНОТ ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТ, СО СЕКОЈ НИВЕН ЧЕКОР МАКЕДОНЦИТЕ ГИ ГУБАТ СВОИТЕ НАЦИОНАЛНИ АТРИБУТИ. НЕКА ИЗЛЕЗАТ И НА СОПСТВЕНИТЕ ДЕЦА НЕКА ИМ КАЖАТ ДЕКА СЕ СОГЛАСИЈА ДА ГИ ИСПОЛНАТ СИТЕ РАДИКАЛНИ УЦЕНИ КОИ НЕ И СЕ ИСПОРАЧАНИ НА НИТУ ЕДНА ДРУГА НАЦИЈА. СЕ СОГЛАСИЈА ДА ЈА ИЗБРИШАТ ИСТОРИЈАТА И МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ.
НИШТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА БИДЕ ИСТО ДОКОЛКУ ДОЗВОЛИМЕ ОВИЕ ПРЕДАВСТВА ДА СЕ СПРОВЕДАТ! МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ДОАЃА ПО СВОЕТО! НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ СОГЛАСИМЕ НА СОПСТВЕНО ОБЕЗЛИЧУВАЊЕ! САКАМЕ ВО НАТО АЛИЈАНСАТА И ВО ЕУ ДА ВЛЕЗЕМЕ ДОСТОИНСТВЕНО И СО КРЕНАТИ ГЛАВИ! ОВАА ИНСТАЛИРАНА ВЛАСТ ЌЕ СЕ СООЧИ СО СОПСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ! ОД ТОА БЕГАЊЕ НЕМА!
НАШАТА БОРБА ДОПРВА ПОЧНУВА!
НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСААЛИЈАНСА