СДСМ ги лаже граѓаните дека е зголемена социјалната заштита, а ранливите категории живеат се потешко. Невенчаниот сопруг на Царовска добива државни тендери, а социјалните категории добиваат само лаги за некаква зголемена помош. Всушност станува збор за збир од повеќе права кои и во овој момент ги користат корисниците на социјална парична помош.
Со системот кој го „градеше“ СДСМ успеа да го зголеми бројот на граѓани кои преживуваат под прагот на сиромаштија на над 500.000 граѓани, а стапката на детската сиромаштија да изнесува околу 30 проценти.
Имено со укинувањето на додатокот на трето дете, само дополнително ќе се зголеми и стапката на детска сиромаштија.
Поради овие зголемени стапки, оваа власт предводена од СДСМ и Царовска мора веднаш да си замине.