МИОА ја објави последната верзија на предложените измени на законот за медиуми

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) ја објави последната верзија на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги http://mioa.gov.mk/files/pdf/dokumenti/zakoni/ID_ZA_AAVMU_25122017.pdf.по добиените коментари на Единствениот национален електронски регистер (ЕНЕР).

Според МИОА, последната верзија што ја објавуваат пред да биде дел од владина процедура е резултат на заедничката работа на Владата и на претставниците на медиумската сфера во Македонија.

Претходната драфт верзија на законот беше објавена на ЕНЕР на 4 -ти минатиот месец, по што сите заинтересирани страни имаа можност од 26 дена да испраќаат свои коментари и предлози. Процесот за подготовка на Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, започна со првата јавна дискусија што се одржа на 14 јули годинава.

На 20-ти минатиот месец министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, заедно со министерот без ресор задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност Роберт Поповски,  ја одржаа втората јавна дискусија посветена на овој закон.

Од МИОА посочуваат дека во изминатите неколку месеци се остварени голем број средби и состаноци со сите заинтересирани страни и биле сослушани и разгледани мислењата на сите кои покажале интерес да се вклучат во процесот на подготовка на Предлог-законот