Почитувани пријатели,
Длабоко жалам, што заради семејни причини сум спречен да присуствувам денес на Универзитетот „Фан Ноли“ во Корча, за што на сите присутни им се извинувам.
Стерјо Спасе е голем Македонец чиј лик и дело е светол пример како треба секој вистински патриот да се бори за опстанокот на сопствениот народ. На Стерјо сигурно не му било лесно, пред Втората светска војна, кога во Албанија се спроведувала силна асимилаторска политика, јавно да го изрази Македонскиот културен идентитет, заради што станал непожелен за тогашните власти во Тирана.
Се гордеам со мојот истомисленик и сопатник Васил Стерјоски кој како Претседател на Македонското друштво „СОНЦЕ“ неуморно ја води битката за подобар живот и права за нашите браќа и сестри Македонци кои живеат таму.
На крајот сакам посебно да го поздравам мојот искрен пријател Претседателот на Република Албанија, Илир Мета, кој на дело покажува дека вистински го почитува Македонскиот народ.
Në fund, do të doja të përshëndesja veçanërisht mikun tim të sinqertë, Presidentin e Republikës së Shqipërisë, Ilir Meta, i cili me vepra dëshmon se me të vërtetë e respekton popullin maqedonas.
Имајте успешен научен симпозиум,
Со почит,
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА