Мицковски упати честитка до верниците од католичка вероисповед по повод Божик

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски упати честитка по повод католичкиот Божик до скопскиот бискуп и аспостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов и до верниците од католичка вероисповед.

Во честитката, Мицковски наведува дека Божик е најсветол ден во животот на секој христијанин, додавајќи дека почитувањето на традиционалните вредности  и толеранцијата на различностите е заеднички идеал кон кој сите се стремат.

– Се наоѓаме во период преполн со предизвици за државата и сериозни препреки во нашето општество. Повеќе од било кога во минатото, денес потребно е обединување, да ставиме крај на проблемите кои со децении се провлекуваат во нашата земја, поделбите, и омразата, да го вратиме достоинството и мирот во секој од нас, да работиме и да создаваме за нашата заедничка татковина. Потребно е враќање на спокојот и сигурноста, прогонот, притисоците и поделбите да ги замениме со толеранција, вистински соживот и враќање на вербата во луѓето. Неправдата да биде замената со правда, а вредностите и принципите да бидат составен дел од нашите животи, вели Мицковски во честитката.