Сербос: Преспанскиот договор е историски пробив важен за двете држави и за регионот

Оптимист сум дека Преспанскиот договор ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент како историски пробив, важен не само за двете држави, туку и за осигурување на безбедност во еден проблематичен регион, вели Сотирис Сербос од Демократиус Универзитет на Тракија – Грација, кој денеска во Скопје учествуваше на стручната расправа на тема „Придобивките за Република Македонија од евроатлантските интеграции“ во организација на Инфоцентарот за евроатлантски интеграции и Факултетот за безбедност – Скопје.

За него Преспанскиот договор ги отвори европските и евроатлантските перспективи на Македонија Сега на земјата и претстои долг и тежок пат кој бара активно учество на Владата и на граѓанското општество, од доле до врвот, во чиј фокус се владеењето на правото, фундаменталните слободи, демократијата и справувањето со корупција и организиран криминал.

-Македонија веќе направи конкретни чекори во вистинската насока и сметам дека по реализацијата на Договорот од Преспа и кога ќе добиете датум за пристапни преговори веќе ќе го имате активирано механизмот за почнување на процесот на европеизација и целото општество ќе биде охрабрено да се инволвира. Оптимист сум дека Преспанскиот договор ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент како историски пробив, важен не само за двете држави, туку и за осигурување на безбедност во еден проблематичен регион. На јавното мислење треба да се работи со дебати со оглед на долгогодишната пропаганда но и дека станува збор за чувствително прашање, вели Сербос.

Грција влегува во предизборен период и затоа Сербос предупредува дека не треба да изненадуваат одредени тонови и изјави, особено од партиите кои сега се против Договорот, но ден по изборите ќе се покаже оптимизмот од повеќето страни. Во предпристапниот период за Македонија мора да се засили соработката не само меѓу политичките и бизнис елити туку целите општества по годините недоразбирања. Македонија и Грција треба да станат стратегиски партнери корисни за цел Западен Балкан.
Според Никола Дујовски деканот на Факултетот за безбедност во Скопје, со ратификацијата на Договорот од Преспа и неговата имплемнтација Република Македонија ќе ги заокружи процесите за членство во НАТО од што најголема придобивка ќе имаат граѓаните. Во однод на реформите во безбедносната сфера, смета дека претстои уште работа.

-Има уште многу работа. Во изминатата година во МВР и во целина во безбедносниот сектор се случија значајни поместувања. Се донесоа Законот за следење на комуникациите и Законот за Оперативно-техничката агенција -ОТА. Наскоро ќе биде донсен и законот за рефгорма на УБК што ќе води кон тоа дека ќе се релаксираат сопстојбите во безбедносниот сектор и Република Македонија ќе може да пристапи кон исполнување на другите обврски од сетотот на активности во областа на бнезбедноста кои ќе значат релаксирање на состојбите воопшто во општеството. Ако имаме посигурно општество, ако сите бидеме сигурни дека тој систем функционира можеме да се насочиме на другите позначајни прашања, рече Дујовски.