Писмена реакција за најавите на Каменос и Каракачанов

Почитувани,

Веќе со недели ги слушаме медиумските гавази на немакедонската Влада како не убедуваат да ги третираме уцените и заканите од Бугарија и Грција како внатрешна кампања за претстојните избори за Европскиот парламент. Доколку предавството до крај се реализира во Македонија, тогаш ратификацијата во Грчкиот Парламент ќе дојде на дневен ред пред Европските избори. По истата логика, уцените и заканите од Каменос и Каракачанов се реалност!

ЗАЕВ, ДИМИТРОВ И ШЕКЕРИНСКА ДА ИЗЛЕЗАТ ЈАВНО И ДА СООПШТАТ ШТО ЌЕ СТОРАТ АКО ЦИПРАС НЕМА МНОЗИНСТВО ЗА РАТИФИКАЦИЈА! КАМЕНОС ГО ДИГНА ВЛОГОТ И СООПШТИ ДЕКА ЌЕ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ДОКОЛКУ ДОГОВОРОТ ЗАЕВ-ЦИПРАС ПОМИНЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ! НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ИМА ОБВРСКА ДА МУ ОБЈАСНИ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НА ШТО СЕ ДОЛЖАТ ЗАКАНИТЕ НА КРАКАЧАНОВ. НЕЛИ НЕ УБЕДУВАА ДЕКА ДОГОВОРОТ ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО СО БУГАРИЈА Е ПОВОЛЕН ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД? ЗОШТО МОЛЧИ БОРИСОВ СО КОГО ЗАЕВ СЕ ГУШКАШЕ НА СЕКОЈА СРЕДБА? КАКО ТОА КАРАКАЧАНОВ НЕМА ДА ГЛАСА ЗА ЧЛЕНСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ И НАТО АКО СМЕ ПРОДОЛЖЕЛЕ ДА ЈА ФАЛСИФИКУВАМЕ ИСТОРИЈАТА? ШТО ТОА ЗНАЧИ, ДЕКА ТРЕБА ДА ПРИЗНАЕМЕ ДЕКА СМЕ БУГАРИ?

Сите лаги на Заев, Димитров и Шекеринска се разобличуваат. Ниту официјална Атина на чело со Ципрас, ниту пак официјална Бугарија на чело со Борисов, признава постоење на Македонска нација. Тие ниту милиметар не се поместуваат од нивните иредентистички позиции и барања за наше историско и идентитетско обезличување! Не случајно Ципрас и Коsијас кои се најголеми поддржувачи на ваквото решение на спорот, јавно го опоменаа Заев да го почитува духот на Договорот, во спротивно нема да има ниту ЕУ и НАТО.

МАКЕДОНСКИ ПРАТЕНИЦИ, АКО ВЕ ЛАЖАТ ЗА ДОГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА И ГРЦИЈА, ЛАЖЕА ДЕКА ЌЕ ГО ПОЧИТУВААТ РЕФЕРЕНДУМОТ, НЕМА ДА ОСТАНАТ НА ЗБОРОТ И ЗА ТОА ШТО ЛИЧНО ВИ ГО ВЕТУВААТ. И НИВНИТЕ КОАЛИЦИОНИ ПАРТНЕРИ КАКО ЛДП НЕ САКААТ И НЕМА ДА ГЛАСААТ ЗА ДЕЛУМНАТА АМНЕСТИЈА! ЌЕ ВЕ ИСКОРИСТАТ И НА КРАЈ ЌЕ ВЕ НАСАМАРАТ. ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ! ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ ПОВТОРНО ДА НЕ ПОНИЖАТ! И НА СИЛА ДА ПОМИНАТ АМАНДМАНИТЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ, ВО ГРЦИЈА Е НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА ДА ПОМИНЕ РАТИФИКАЦИЈАТА! НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ДЕКА ЈУЖНИОТ СОСЕД Е ОСУДЕН ОД ХАШКИОТ СУД ЗАРАДИ ПРЕКРШУВАЊЕ НА ВРЕМЕНАТА СПОГОДБА! МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ СОГЛАСИ НА ОБЕЗЛИЧУВАЊЕ! СИТЕ ПОЛИТИЧАРИ КОИ ОДАТ СПРОТИВНО НА ВОЛЈАТА НА СОПСТВЕНИОТ НАРОД ЌЕ СИ ПОНЕСАТ ОДГОВОРНОСТ! ПОРАНО ИЛИ ПОДОЦНА!

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА