Стотина деца од минатата недела се згрижени во новиот објект на градинката „Мајски свет“ во населбата Тафталиџе 2. Објектот е енергетски ефикасен и е изграден на место на стара монтажна барака. Градинката е опремена се еколошки дидактички средства, кои ги задоволуваат новите европски стандарди.
-Она што ме радува е дека дидактичките средства се современи и ги исполнуваат стандарди нови пропишани во многи европски земји, а тоа значи дека секој дел од собата треба да дава посебно знаење или да ги едуцира децата за различни аспекти од секојдневното живеење. Ова е веројатно првата градинка која има различни елементи кои ќе ги поттикнуваат децата на рано учење и развој, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
Ние како Влада, додаде Царовска, имаме заложба постојано да го зголемуваме капацитет на градинките и тоа то правиме заедно со локалните самоуправаи.
– Паралелно со тоа го зголемуваме и капацитетот на негувателните и воспитувачките зошто тој биде на соодветно ниво. Во процес сме на избор на 30 воспитувачки кои ќе бидат ментори и потоа ќе ги менторираат нивните колеги за да има подобри резултати за рано учење и развој на децата кои се вклучени во програмата, рече министерката Царовска.
Таа очекува дека до крајот на мандатот од триесетотстотна вклученост на децата во претшколско образование опфатот ќе се зголеми на 50 отсто, со што, како што рече, се дава можност повеќе деца да имаат ист старт во нивното натамошното живеење.
Градоначалникот на општина карпош Стефан Богоев рече дека при изградбата на објектот се добиени дополнителни 150 метри квадратни за сместување на децата. Во градинката има 45 занимални, додаде тој, а сместени се 95 деца
-Ние како локална самоуправа се трудиме да инвестираме во инфраструктурниот дел, додека од Министерството за локална самоуправа додека тие навистина годинава сериозно го зголемија бројот на воспитувачи негувателки во градинките, со што заедно како локлан и централа власт покажуваме дека сериозно го унпредуваме процесот на предучилишно образование за децата од општината и државата.
најави деказа многу кус период ќе биде пуштена и градинката во населбата Бардовци, а за 2019 година целосна реконструкција на градинаката „мајски Цвет“ во Тафталиџе.