Престојот на Александар Македонски во Вавилон

Престојот на Александар Македонски во Вавилон

Дарие Први, чиј суверенитет му беше доделен од Ахурамазда, според неговите сопствени документи, беше исто така крал на Вавилон, крал на земјата, како што се вели во вавилонските текстови. Така, востанието на Тарзија (479) го загуши неговиот син Ксеркс со оваа традиција. Тој го уништи храмот на Мардук (Есагила), го зеде тој имиџ и му  стави  крај на засебното кралство на Вавилон, а Ахеменидите никогаш потоа не назначуваа кралеви на Вавилон.

Посебната позиција на Вавилон беше прво обновена од Александар Македонски. Со цел што подобро да се запознае со религиозните чувства на новопотчинетите,  како што го направи во Египет, а особено да се постави добро со свештениците, погрешно ги нарече Халдејците како антички Грци и Романи. По влегувањето, нареди да се обноват храмовите уништени од Ксеркс, а особено храмот на  Мардук.

Притоа настојуваше да се остварат желбите на свештениците и, како што забележа Аријан, приложи жртва на Мардук, што Тирјанците не дозволија да го направи во нивниот град.

Старите традиции што сега ги презеде Александар , спојувајќи ги со светската доминација и суверенитетот на Вавилон, морале да му бидат добредојдени, но тоа тешко му ја смируваше душата. Оваа Вавилонска доминација над светот едноставно бараше владеење над подрачјата на Азија (вклучувајќи го и Египет), а тоа единствено значеше суверенитет над Азија што му беше ветено уште во Гордиум, а официјално потврдено од собранието на војската во Арбела, пред да дојде во Вавилон.

Но нема да биде точно  ако од вавилонските традиции произлезат барањата да се владее над Азија. Сепак, можеше да биде од значење за Александар Македонски да најде во старите метрополи на Ориентот потврда на она што го доби со својата десна рака, бидејќи прокламацијата кај Арбела беше навистина само последица од неговите гигантски подвизи.

Како и во Египет, каде што Александар Македонски постави месно населении на чело на цивилната власт, така и сега при освојувањето од земја во земја, како Крал на Азија, функциите ги даваше на Персијци со титула намесник. Тоа беше направено првпат во Вавилон и значително придонесе за јакнеењето на Александар Македонски како крал на Вавилон. Мазај го назначи намесник во знак на благодарност што му ја предаде цврстата тврдина.

Освен тоа, Мазај го постави за граѓански гувернер во својство на македонски генерал да командува со единиците. Финансиските и даночните работи беа одвоени од намесништвото и му беа доверени на еден Македонец. Врз овој принцип, Александар Македонски ја водеше администрацијата и во другите намесништва на Исток, се’ додека не беа потребни некои измени. Како посебна мерка, што наскоро беше укината, на Мазај како намесник му беше дозволено да кова пари.

Од Вавилон каде што остана околу еден месец, Александар Македонски тргна кон исток и во период од дваесет дена допатува во Суса, стариот главен град на Елам, кој беше главна престолнина кога владееја Ахеминидите. Во посвежата Екбатана остана само во жешките летни месеци, а зимата и пролетта во Вавилон.

Каква улога одигра Суса во античкиот грчки свет од Аешил до срамниот мир на Алтанцида? Колку амбасадори на античките грчки држави чекаа во претсобјето на Големиот крал?

Наспроти тоа, Александар Македонски и неговите Македонци сега влегоа таму без да употребат оружје. Колку беше загрижен да го заштити градот и неговото богатство е покажано со испраќањето на Филоксен во Суса директно од бојното поле кај Гавгамела. Пораката од Филоксен му беше патем пренесена дека Суса се предала и дека богатството останало негибнато.

Првпат Александар Македонски освои едно од најголемите депоа на богатство на персиските кралеви. Тоа беше од посебно значење. Дарие Први воведе метални пари во империјата, која дотогаш беше управувана врз основа на размена на природни производи, а покрај данокот на намесниците се плаќаше и данок на кралот.

Меѓутоа, стариот систем преовлада и сега како и пред тоа: наместо да ги пушти во оптек добиените готови пари, Александар Македонски ги натрупа во своите главни дворци и на примитивен начин, како и Херодот, ги стопи во златни и сребрени прачки, кои во случај на потреба ги сечеше и ги претвораше во ковани пари. Иако Дарие Кодоман потроши огромна сума пари за војната, а понесе пари и на бојното поле и таму ги изгуби, сепак Александар Македонски најде огромно богатство во дворците.

Се претпоставува дека во Суса, не сметајќи ги скапоцените камења, 40.000 сребрени таланти и 9.000 метални дарикти, од злато, паднаа во рацете на Александар Македонски, чија вредност се проценува многу високо; сребрените таланти, некованото злато и сребро достигнуваа до оклу 14,000.000 фунти. Притоа, Александар Македонски веќе можеше да го испрати Менес од Суса како нов финансиски директор на Киликија, Феникија и Сирија, со 3,000 таланти, за да му плати на Антипатер колку што бараше за војната со Агис, но никакви новости не пристигнаа за тој конфликт.

Влегувањето во Суса беше проследено со голема свеченост. Александар им приложи жртви на македонските богови според прадедовскиот ритуал и нареди да се одржи трка со факели и гимнастички натпреварувања. За намесник го постави Персијанецот Абулит, кој претходно му го предаде градот, но постави и двајца Македонци, еден како командант на единиците, другиот како командант на тврдината.

Во Суса Александар Македонски ја зајакна војската со неколку илјади нови единици од Македонија. Со инкорпорирањето на луѓето од планините во кралски службеници, тој направи нова организација: ги подели полковите прво во по два ескадрона и на секој му додели командант. Тоа беше прва од големиот број реформи што беа постепено воведувани во организацијата на војската.

Наредната цел на Александар Македонски беше Персепол. По поминувањето на  Паситигрис, дојде до земјата на Уксиите. Додека населението што живееше во рамнината му се покори, немирните планинци побараа да плати доколку сака да ја помине нивната територија, како што претходно направи персискиот  крал.

Александар Македонски одби да плати, бидејќи не сакаше да му признае самостојност на ниедно племе во својатаМакедонск Империја и со воено лукавство успеа да ги совлада. Потоа, тој ик наметна фодишен данок во коњи, влечни добици и овци, бидејќи овие планински луѓе не ги познаваа парите  живееја од сточарството.

Додека Парменион го испрати со античките грчки единици долж планинските стрмни патишта што беа направени за персискиот двор од Суса до Персепол, Александар Македонски со своите Македонци иташе низ планините по краткиот пат до Персиските преслапи. Овде тој се соочи со цврста одбрана. Персискиот намесник Ариобарзан беше изградил sид на преслапот и го чекаше со многу посупериорна војска.

Само со тешки борби и со помош на вешти маневри Александар Македонски успеа да го натера непријателот да побегне. Потоа побрза долу во рамнината, преку реката Аракс (Кур), што беше неколкупати премостена до Персепол со цел да втаса во градот пред градскиот гарнизон да го опљачка богатството. Тој втаса навреме и го спаси богатството.

Тогаш Александар Македонски стапи во родната земја на Ахеменидите. Големиот Кир, основачот на империјата, и на династијата, во својот главен град имаше изградено дворец и гробница во Пасаграда (во близината на сегачниот Мешеди-Мургхаб), блиску до бојното поле на кое го совлада Астијаг Медијанецот.

Подоцна Дарие Први, на југоисточната странаа оттука ја изгради цврстата тврдина Персепол, во која тој и неговите следбеници ги изградија своите резиденции и отворените приемни сали (Апалана – приемен простор на отворено) потпрени со столбови на висока тераса на која лежеа дворедни скали, богато украсени се релјефи. Уранатините на кралските згради во Персепол (Такд и Дшемшид) дури и денес оставаат силен впечаток.

Огромните столбови кои се издигаат кон небото, големите бикови пред главната врата, речјефот и натписите сведочат за силата и сјајот на светската инперија која веруваше дека ќе се зачува за цело време со милоста на Ахурамазда.. На sидовите со скалите кои водат кон терасата се запишани овие зборови:

“Така рече кралот Дариј: оваа земја на Персија што ми ја подари Ахурамазда, а која е убава, богата со луѓе и богата со коњи, според тестаментот на Ахурамазда и од мене кралот Дариј, не се плаши од непријателот”.

Сега, таа се предаде небранета пред нозете на Александар Македонски.

 

Продолжува.

 

 

 

Александар Македонски влегува во Вавилон.

One thought on “Престојот на Александар Македонски во Вавилон

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *