МД „Илинден“со остра реакција на изјавата на албанскиот историчар Арбен Лала

Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана,остро реагираше на изјавата на албанскиот историчар Арбен Лала, кој сопругот на актуелната министерка за образование Линдита Никола, по потекло Македонец, го нарекува славо-македонски екстремист, а друштвото „Илинден“ словенско, финансирано од Груевски и Мијалков.

-Сопругот на Линдита Никола, Лигор Никола, е еден славо-Македонец, словенски екстремист, кој има територијални претензии кон Албанија, основач и почесен претседател на словенското друштво „Илинден“, со години финансирано од Груевски и Мијалков,- обвинува Лала.

МД „Илинден“ целосно ја отфрла ваквата изјава.

-Остро ја осудуваме изјавата, која е целосно неточна, преполна со невистини и негови халуцинаци и апелираме до Лала и до сите сомнителни кругови да престанат со фабрикувани изјави. МД „Илинден“ бара од Владата на премерот Еди Рама и од мисијата на ОБСЕ да интервенираат кон ваквите личности, кои предизвикуваат омраза кон малцинствата, се навдува во реакцијата на „Илинден“.

Друштвото бара Арбен Лала да ја повлече изјавата и јавно да се извини, зашто во спротивно ќе поднесе кривична пријава за поттикнување омраза.

-Македонското друштво „Илинден“ дава голем придонес во заштитата на правата на Македонците во Република Албанија и негувањето на добрите меѓуетнички односи во земјата. Силно е определно и работи на унапредување на односите и соработката меѓу Македонија и Албанија, се наведува во реакцијата, потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.

Инаку, Лигор Никола, по потекло од селото Врница, област Голо Брдо, е универзитетски професор и Декан на  Природно математичкиот факултет во Тирана.

Историчарот Лала со обвинувања и за актуелниот министер за Европа и надворешни работи Дитмир Бушати,кого го менува со Димитр-Дитмир Бушати, за чија сопруга вели дека е грко-Влаинка и додава дека не е случајно што Грција бара бришење на името Чамарија од учебниците во Албанија и промена на историјата на Албанците.