ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема преземено ниту една мерка за подобрување на квалитетот на воздухот

Скопје со недели е помеѓу најзагадените градови во светот. СДСМ ја зави државата во црно. Нивото на канцерогени ПМ10 честички во воздухот е скоро месец дена неколкукратно над дозволеното.

Македонија е зацрнета од СДСМ. Две години откако СДСМ е на власт, нема преземено ниту една мерка за подобрување на квалитетот на воздухот. Напротив  наместо за животна средина се трошат 1.6 милиони евра за лубриканти и над 700 илјади евра за кафе и цвеќиња за владата.

Нема проекти,но затоа министерот Дураку арогантно се однесува и порачува дека нема зошто да се занимава  со граѓаните, заменик министерот Макрадули спие во собрание додека се расправа за загадувањето, а Шилегов си игра игрички, со што покажуваат дека воопшто не им е грижа за нивото на загаденост на воздухот.

Доколку СДСМ навистина сака да го спречи загадувањето, наместо да прави дискриминаторски мерки ние предлагаме владата да се обезбедат субвенции во износ од 50% за набавка на електрични и хибридни возила во поголемите градови во првите 3 години, а потоа мерката да се прошири и во останатите средини.

Додека наместо субвенционирање во набавка на дрва на социјално загрозените семејства, да им се исплатат средства за сметките за потрошена електрична енергија.

Граѓаните наместо манипулации очекуваат реална работа. СДСМ се неспособни и не можат да го решат  проблемот со загадувањето, но ги излажаа и изманипулираа граѓаните, затоа мора да си заминат. Државата не смее да биде заложник на тесно партиската елита на чело со Заев  која ја зацрни Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани кои не се согласуваат со овие деструктивни и ненародни политики на СДСМ да ни се придружат на собирите ширум Република Македонија, и на протестниот марш во среда во Скопје со почеток од 17 часот од плоштад ВМРО до владата на Република Македонија.