Презентација на првиот периодичен мониторинг извештај за работата на АВМУ и АЕК

Презентација на првиот периодичен мониторинг извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), во рамки на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROformance Watch II“ ќе се одржи денеска во Скопје.

Во проектот учествуваат Евротинк – Центар за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права, а е поддржан од британската Амбасада.

Ќе бидат презентирани наодите од периодичниот мониторинг извештај за работата на АВМУ и АЕК, а ќе бидат претставени и најновите измени на Директивата на ЕУ за аудиовизуелните медиумски сервиси, како и улогата и предизвиците на агенциите во рамки на заложбите за заеднички дигитален пазар и дигиталната агенда на ЕУ.

Покрај претставниците на организациите кои го спроведуваат мониторингот, на настанот ќе
говорат и Емилија Јаневска, раководителка на Секторот за програмски работи во АВМУ, Ана
Малцева, советничка за правни работи во кабинетот на Министерот во МИОА, Игор Бојаџиев, советник на директорот за радиокомуникации и контрола и мониторинг на радиофреквенции во АЕК.