Димитров на состанок на шефови на дипломатии на Западен Балкан во Будва

Делегација на Министерството за надворешни работи, предводена од министерот Никола Димитров, на 29-ти и 30-ти ноември во Будва ќе учествува на состанок на министрите за надворешни работи на Западен Балкан, во организација на МНР на Црна Гора, соопшти  македонското Министерство за надворешни раборти.

Во рамки на предвидените две работни сесии на состанокот ќе се разменат мислења во врска со состојбата во процесот на ЕУ интеграција на земјите од Западен Балкан и обврските од Берлинскиот процес меѓу два самита (од Лондон 2018-та до Познан 2019-та), најавува МНР.

На состанокот покрај учеството на министрите за надворешни работи од регионот, предвидено е и учество на претставници на Европската комисија, Европската служба за надворешни работи, Австрија, Полска, Обединетото Кралство и Советот за регионална соработка.