НИТУ ЕДНА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА НЕМА МОНОПОЛ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. СРАМНИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПАЗАРИ НЕ ДОНЕСОА НА ОВА ДЕРЕЏЕ. САМО ИСКРЕНА ПОЛИТИЧКА ИДЕЈА, ОСЛОБОДЕНА ОД ЛИЧНИ ИНТЕРЕСИ ЗА ВЛАСТ, МОЌ И ПРОФИТ ЌЕ ЈА КРЕНЕ ТАТКОВИНАТА!
Македонската Алијанса жали што Македонскиот народ е поделен од различните иницијативи за изразување незадоволство од немакедонската Влада. Тоа им оди во прилог на предавниците! Точно е дека во Татковината има многу проблеми, најмногу економски! Граѓаните се потешко живеат и не знаат како да им ја обезбедат иднината на своите деца. Но, за да ги решаваме секојдневните проблеми треба прво да го решиме главниот проблем! Да си ја зачуваме Државата, историјата, културата, јазикот и светото Македонско име!
НИЕ СМЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ДЕМОКРАТСКА БОРБА ЗА ЗАШТИТА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ! ДОСТА Е ОД ЛИЧНИ КАЛКУЛАЦИИ! ЗНАЕМЕ ДЕКА Е ТЕШКО И ДЕКА МНОГУМИНА СТРАДААТ! НО, И НА НАШИТЕ ПРЕТЦИ НЕ ИМ БИЛО ЛЕСНО, ПА ЈА ЗАЧУВАЛЕ МАКЕДОНИЈА!
НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ЌЕ БИДЕ ПОРАЗЕНА ПОРАНО ИЛИ ПОДОЦНА! ЌЕ ДОЈДЕ ВРЕМЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ СМЕТКИ! ЌЕ СЕ ВИДИ КОЈ НА КОЈА СТРАНА БИЛ ВО КЛУЧНИТЕ МОМЕНТИ ЗА ТАТКОВИНАТА! МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЌЕ ПОБЕДАТ!
НИКОГАШ СЕВЕРНА! МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА