Антинародното раководство на ВМРО ДПМНЕ продолжува со лицемерното однесување кон граѓаните, продолжува да глуми загриженост, а токму таа партија 11 години не само што го игнорираше загадувањето на воздухот, туку и го поттикнуваше преку криминални проекти со кои системски се уништуваше зеленилото и животната средина.
Последиците од загадувањето се сериозни за животната средина и за животот и здравјето на граѓаните. Затоа, владата предводена од СДСМ решавањето на проблемот со загадувањето го постави како приоритетна задача со акцент на итност.
Преку Планот за чист воздух кој опфаќа низа на краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки, интензивно се работи на намалување на загаденоста на воздухот во земјава која за две години се очекува да се намали за 50% во Скопје и 30-50% во другите градови.
Дел од мерките за решавање на проблемот со загадувањето веќе се спроведуваат. Со зголемен инспекциски надзор и контрола на индустриските капацитети, детекција на диви депонии, субвенции за граѓаните при купување на печки на пелети , како и зголемување на зелената површина со нови садници и реконструкција на старите зелени површини, надлежните институции засилено работат.
Со нов гасоводен систем и проширување на топловодната мрежа, со дополнување на возниот парк на ЈСП со нови 40 електрични автобуси во наредниот период исто така се работи на намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух.
Се преземаат акции за рачно миење на градските улици и булевари за намалување на прашината и ситните честички, а во училиштата се поставуваат прочистувачи на воздух.
Овие мерки се само дел од планот како Скопје повторно да биде чист и зелен град,.
Владата предводена од СДСМ , како и надлежните институции продолжуваат и понатаму со спроведување на мерките за решавање на проблемот со загадувањето.