НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ПРОДОЛЖУВА ДА СЕ ПАЗАРИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ!
Заев од Струмица испрати индиректна порака до Судот. Неговиот став дека очекува поддршката на 8-те бегалци од ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени да продолжи и покрај притворот на Јанакиевски, Божиновски и Мијалков е притисок до Судот. Ова е продолжение на неговото признание дека е подготвен да ги амнестира пратениците Мукоски, Василевски и Арнаудов за настаните од 27 април, а за возврат да ги осигура нивните гласови за велепредавството. Паралелно притисокот се зголемува со тврдењето дека ќе се зголеми мнозинството за уставните измени.
МАКЕДОНСКИ ПРАТЕНИЦИ ИМАТЕ СЕ УШТЕ ВРЕМЕ ДА И ПОГЛЕДНЕТЕ НА ВИСТИНАТА ВО ОЧИ! РАЗМИСЛЕТЕ УШТЕ ЕДНАШ ДАЛИ ВРЕДИ ДА СЕ ЖРТВУВАТЕ ЗА ПОЛИТИЧКИТЕ КАРИЕРИ НА НЕКОЛКУМИНА ПРЕДАВНИЦИ. ОВАА НЕМАКЕДОНСКА ВЛАДА ИМА САМО ЕДНА ЗАДАЧА, ДА СТОРИ СЕ’ ДА ГО ОБЕЗЛИЧИ СОПСТВЕНИОТ НАРОД И ДРЖАВА!
Во Грција драматично се влошува положбата на Владата на Ципрас. Тој влезе во војна со грчката црква која е екстремно тврда по Македонското прашање и има сериозно политичко влијание кај јужниот сосед. Планот во 15 точки со кој Ципрас сакаше на 9 илјади Грчки свештеници да им ја укине Државната плата го запали алармот на нивното највисоко црковно тело на кое 72 од 82 Грчки Владици најостро се спротиставиле на предлогот на Ципрас.
МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НЕ СМЕЕ ДА ДОЗВОЛИ ГРЦИЈА ДА ПРОДОЛЖИ ДА НЕ ВЛЕЧЕ ЗА НОС! ТЕШКА ЛАГА Е ДЕКА ПРЕДАВНИЦИТЕ ЗАЕВ, ДИМИТРОВ И ШЕКЕРИНСКА ИМААТ ГАРАНЦИИ ДЕКА НИВНИОТ КУКАВИЧКИ ПРОЦЕС ЕКСПРЕСНО ЌЕ ЈА ВНЕСЕ МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ И НАТО. ЦИПРАС Е СЕ ПООСАМЕН ВО СВОИТЕ ПОЛИТИКИ, РАТИФИКАЦИЈАТА НА ДОГОВОРОТ ЗАЕВ-ЦИПРАС ВО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ Е НЕВОЗМОЖНО ДА ПОМИНЕ!
ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ! МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЌЕ СЕ СПРАВИ СО ДОМАШНИТЕ ПРЕДАВНИЦИ И ЌЕ ГО ОДБРАНИ НАЈСВЕТОТО!
НИКОГАШ СЕВЕРНА! МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА