Арсовски: Над 300 вработени во „Еурокомпозит“ се уште немаат плата

Анѓушев и Заев ги завија во црно вработените на „Еурокомпозит“ од Прилеп.

Помина повеќе од 1 ипол година, а проблемот со „Еурокомпозит“ од Прилеп сеуште не е решен.

Над 300 вработени живеат во агонија откако дојде СДСМ на власт, преживувајќи од ден за ден, не знаејќи што ги чека секој нареден ден.

Пред повеќе од 1 година, на 24 октомври лани, Заев се сретна со вработените на „Еурокомпозит“ и им вети исплата на заостанатите плати и трајно решавање на статусот на фирмата.

Решение нема до ден денес. Пред само 5 месеци на 3 јуни оваа година, Анѓушев повторно ги излажа вработените на „Еурокомпозит“, давајќи им лажна надеж дека има заинтересирани инвеститори. Ниту има инвеститори, ниту пак се реши случајот, проблемот на над 300 вработени во фабриката се уште е реален и горлив.

Денес за жал погоните не се во функција и се со исклучена струја, а вработените седат дома без работа.

СДСМ ги излажаа овие 300 семејства. Анѓушев и Заев додека се луксузираат во Владата набавувајќи нови автомобили, јадејќи бадеми и ф’стаци и добивајќи државни тендери, над 300 семејства од „Еурокомпозит“ немаат плати за да однесат основни намирници за храна дома.

Премногу е проста ситуацијата. За семејствата Заев и Анѓушев тендери и луксуз, а за семејствата на вработените во „Еурокомпозит“ глад, сиромаштија и клуч на фабриката.

Оваа криминална Влада е неспособна и мисли само за личните интереси. СДСМ нема капацитет да ги реши проблемите на граѓаните како што ветуваа, тие само им отворија нови проблеми. СДСМ си поигрува со болната и измачена судбина на напатените вработени во „Еурокомпозит“.

Всушност СДСМ има проблем за секое решение. Од државата направија хаос, економијата тоне, доживуваме пораз на сите полиња.

Затоа, сите заедно на 28 ноември во среда, сите заедно рамо до рамо во 17 часот се чекаме на Плоштад ВМРО и се упатуваме кон Владата да го искажеме револтот за целиот хаос што ни се случува во државата.

Оваа криминална Влада мора да замине во историјата. Што побрзо, толку подобро за граѓаните и конечно Република Македонија ќе тргне напред