Втора недела по бегството на Груевски, а власта се уште молчи и не понесува одговорност.
Јавноста дознава информации од други држави, а нашата влада се уште анализира.
Наместо СДСМ да ја префрла топката на ВМРО-ДПМНЕ нека ги засука ракавите да го расветли случајот и нека поднесе одговорност.
Република Македонија е единствена држава на европско тло со која владее хунта, која заробеното судство го користи како оружје против своите политички неистомисленици.
Притворот за Миле Јанакиевски и Кирил Божиновски е уште еден еклатантен пример за политички прогон, терор како и одмазда со единствена цел прикривање на неспособноста на криминалната и одродена власт на чело со аболицираниот Зоран Заев.
ВМРО-ДПМНЕ веќе неколку пати го изнесе својот став дека не се согласува со самото заминување на Никола Груевски, тоа не е опција дури и дури кога сите знаат дека се работи за политички прогон.
Но, сепак одговорноста за бегството на Никола Груевски лежи единствено во власта со која предводи Заев и Спасовски.