СДСМ ги демантира шпекулациите, нема разговори за претседателски кандидат во органите на партијата, тоа не е целта на премиерот и претседател на партијата, Зоран Заев

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги демантира објавените информации на агенцијата ИНА, преземени и од дел на интернет порталите кои што редовно шират лажни вести.

Во моментов не постојат разговори за дефинирање претседателски кандидат во органите и телата на СДСМ.

Разговорите не се започнати и оттука воопшто не е точно дека е дефиниран кој било за кандидат. Исто така, не е точно дека има кандидати за премиерската позиција.

Станува збор за класични шпекулации кои немаат никаква врска со реалноста.

Дополнително, јавноста знае, а СДСМ повторно го реафирмира, тоа не е цел на претседателот Зоран Заев, како што лажно е наведено во текстот.

По промените и рушењето на режимот, Република Македонија оди напред. Владата предводена од премиерот Зоран Заев останува посветена на економскиот напредок, на подобрување на животниот стандард на граѓаните, на зголемувањето на платите, на инвестициите, на обезбедувањето сигурна и стабилна иднина на нашата заедничка татковина како членка на НАТО и ЕУ.