Џафери ќе се обрати на 110-годишнината од Битолскиот конгрес

Во организација на Секретаријатот за европски прашања  вечер во Македонска филхармонија во Скопје ќе се одбележи 110-годишнината од Битолскиот конгрес, односно Денот на азбуката.

На прославата под мотото „За нас сонцето изгрева на Запад“ ќе се обрати претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери.

Собранието и Владата на Република Македонија  годинава го задолжиле Секретаријатот за европски прашања да го организира одбележувањето на 110-годишнината од Битолскиот конгрес, односно Денот на азбуката.