СПМ му на Мицкоски му го честита изборот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Во име на Социјалистичката партија на Македонија и во мое лично име Ви го честитам изборот за Претседател на ВМРО ДПМНЕ и Ви посакувам со добро здравје  успешно да ја водите Партијата во овој мошне сложен период за опстанокот и развојот на Република Македонија.

Убедени сме дека нашата дванаесет годишна заедничка соработка ќе продолжи и во наредниот период со уште посилен интензитет во борбата за поубава и просперитетна Македонија, Македонија како демократска држава со развиена економија, држава членка на Европската Унија и НАТО.

На Вас како претседател, на Вашата партија како носител на коалицијата ЗА ПОДОБРА МАКЕДОНИЈА ни останува заедничка обврска да се соочиме со актуелната политичка криза која сеуште трае, со сите предизвици пред кои се наоѓаме и цврсто да застанеме во одбрана на државните и националните интереси на Република Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *