Грчкиот политиколог Христидис: Груевски ги измами луѓето кои му веруваа

Поранешниот македонски премиер, Никола Груевски ги изневери луѓето кои веруваа во неговата политика, вели професор по компаративна балканска политика, на Универзитетот Македонија, во Солун, Јоргос Христидис, за телевизија „Клан Македонија“.

-Груевски ги измами луѓето кои му веруваа, и им должи големо објаснување. Мислам дека е тажно за него, за човекот кој беше лидер на земјата, да избере да побегне од својата одговорност. Екс премиерот е првиот човек кој треба да ги почитува законите на земјата, а не да си замине туку така и да стане предмет на потсмев. Груевски стана предмет на потсмев, истакнува Христидис.

Политикологот смета дека Груевски и понатаму ќе влијае на ратификацијата и примената на Преспанскиот договор но вели дека сепак полесно ќе се спроведе.

Според Христидис, Европската унија се враќа на Балканот откако Западен Балкан беше долго време оставен сам на себе, сфаќајќи дека во регионот владеат авторитарни лидери, што води кон вистински закани за безбедноста на регионот.