Белгискиот репрезентативец, Маруан Фелаини, најверојатно ќе го напушти Манчестер ј. Раководството на клубот имаше преговори со Фелаини за негово останување и продолжување на договорот, но се чини неговата одлука да го напушти е цврста.
Тој во Манчестер дојде од Евертон како големо засилување, но не доби вистинска шанса кај Жозе Мурињо, па натпреварите најчесто ги преседуваше на клупата за резервни фудбалери. Одигра само 9 натпревари и тоа како играч од резервната клупа, и постигна три гола.
За него се заинтересеирани повеќе клубови, но се чини “најзагреан” е турскиот првак Бешикташ.