Миланов: Груевски ми се јави од Унгарија

Адвокатот Еленко Миланов  рече дека поранешниот премиер Никола Грувески дента кога објави на неговиот фејсубк профил дека побарал политички азил во Унгарија му се јавил и му кажал дека е во Будимпешта и дека ќе го застапува во сите судски предмети што се водат против него.

-Денот кога излезе на фејсубк неговата објава каде се наоѓа, доцна вечерта добив повик од Груевски, рече Миланов и додаде дека телефонски повик од Груевски добиле сите од неговиот адвокатски тим.

Груевски го побарал Миланов од странски телефонски број за кој, како што нагласи адвокатот, им е познат и на македонските власти.

-Ви гарантирам дека го ѝимаат бројот. Она што го има како комуникација во мојот телефон, веројатно го имаат. Сигурно го имаат и тоа не од мојот телефон туку од еден куп други информации што верувам дека нашите служби можат да го обезбедат, рече Миланов.

Адвокатот и Груевски имале уште една комуникација со пораки за правни прашања. За азилот не разговарале.

-Јас му вратив со порака дека е направена повреда и во делот на определување мерка притвор пред да му биде одземен имунитетот, а исто така и во делот да Судечкиот совет го направи тоа зошто согласно законот тоа може да го направи само Кривичниот совет по правосилен обвинителен акт, рече Миланов.

Од МВР се уште нема потврда дека го имаат телефонски број од кој Груевски му се јавил на адвокатот Миланов, кој, пак, вели дека полицијата веројатно го има.