Македонска делегација, предводена од претседателот на Собранието Талат Џафери, учествува на 64-тата годишна сесија на Парламентарното Собрание на НАТО, што ќе се одржи во Халифакс, Канада.
Предвидено е обраќање на Џафери на годишната сесија, а можни се и средби на маргините на настанот, информира собраниската прес-служба.
Во состав на делегацијата се потпретседателот на Собранието Весел Мемеди и пратениците Илија Димовски и Катерина Кузмановска.