Тркалезна маса за ревизија на финансирањето на политичките партии и изборните кампањи ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Државниот завод за ревизија, во рамки на твининг проект финансиран од ЕУ.
Проектот се спроведува со поддршка од Националниот завод за ревизија на Република Бугарија и Државниот завод за ревизија на Република Хрватска како помлад партнер.
Целта на тркалезната маса е да се споделат искуствата на врховните ревизорски институции на Бугарија и Хрватска поврзани со вршење ревизии на финансирањето на политичките партии и изборните кампањи, како и резултатите од анализата на правната рамка од таа област.
Најавено е учество на претставници на Делегацијата на ЕУ, пратеници, Министерството за финансии, поголеми политички партии, Државната изборна комисија, Државната комисија за спречување на корупција, ОБСЕ и НВО.