Пратениците распреаваат за Предлог-законот за финансиска поддршка на општините

Собранието на денешното четврто продолжение од 65-та седница по скратена постапка го донесе Законот за дополнување на законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа. По редовната пауза, пратениците ќе продолжат да еасправаат по  Предлог-законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локална самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски.

Заменик-министерката за финансии Ширет Елези појасни дека со законот за финансиска поддршка на единиците на локална самоуправа се лимитира само делот во сопствените приходи на општинските буџети. – Само во овој дел ние го лимитираме со цел да знаат како да го планират буџетот за наредните години со просекот на релизации на сопствените приходи од претходните три години. Ова е флексибилено. Ако има трансфери од некои институции, ако има проекти, ако имаат потпишани договори, ќе се направат измена, Нема бетонирање, само даваме основ како да се планира, рече меѓу другото Елези.

Пратениците од ВМРО – ДПМНЕ не го поддржуваат ова законско решение затоа што сметаат дека со него се покрива лошото менаџирање на градоначалниците и заостанатите долгови од 2004 година досега без да се знае за што се направени и не постои законско решение како же се врши изборот за отплата на должниците. Потребно е, оценија, да се направи нова методологија за дотации во образованието. Најмногу долгови, информираат имаат општините Куманово, Охрид и Тетово. Владата порачуваат, треба да ги награди и да ги мотивира општините – градоначалниците кои немаат долгови, а имаат реализирано голем број проекти за да продолжат да работат. Средствата од 50 милиони евра наменети за покривање на долговите на општините, оценија меѓу другото, треба да бидат распоредени на социјалните трансфери, на оние кои им се најпотребни.

Пратеникот Трајко Вељаноски и порача на заменик-министерката Елези да му пренесе на министерот за финансии Драган Тевдовски дека се работи за најлошиот, најдискриминирачки закон кој поттикнува финансиска недисциплина и недомаќинство. – Се поттикнува наградување на тие што се задолжуваат, а казнување на тие што биле домаќини, рече Вељаноски, поздравувајќи ја владината одлука за да им помогне на општините и да им даде 50 милиони евра. Посочи дека во член три од законот набројани се општините која колку должи и тоа не само во еден мандат, но, истакна, не се наведени основите врз основа на што една општини ги направила долговите дали се за капитални инвестиции или за нешто друго. Нема основ и за тоа, рече Вељаноски, како градоначалниците ќе ги распределат дадените пари, а тоа ќе поттикне и корупција.

Пратеничката Жаклина Лазаревска во реплика истакна дека со овој закон се охрабруват градоначалниците да не креираат буџети кои не одговараат на можностите на општината. Го ограничуваме, рече, мегаломанското размислување дека нешто може да се направи, а не да прејудицираат нови задолжувања. И Мира Стојчевска, нејзина сопартијка смета дека законот е добар и овозможув дисциплина и одговорност на сите градоначалници.

Диме Велков, пратеник од СДСМ посочи дека само 10 до 15 општини не должат. Ве уверувам, подвлече, дека овие должничко-доверителски односи не се реални мислам дека долговите се уште поголеми. Најголем проблем, информира, се долговите во делот на образованието и заштитата на животната средина.

Според Самка Ибраимовски, пратеник од партијата за целосна еманципација на Ромите, не може да се очекува болни општини да создаваат здрав живот за граѓаните.