СДСМ: , единствен остаток од црното време на режимот се пионот Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија сега оди напред, единствен остаток од црното време на режимот се пионот Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ

Црното време за Македонија заврши со заминувањето од власт на носителот на криминалот и режимот, Никола Груевски и неговите соработници кои ја уништија економијата, ја изолираа државата и ги осиромашија граѓаните.

Сега Македонија оди напред, економијата расте, платите се зголемуваат, се создава фер општество за сите кое граби кон светла иднина и полноправно членство во НАТО и ЕУ.

Единствен остаток од црното време на режимот се пионот Христијан Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО ДПМНЕ.

Мицкоски е ист како неговиот ментор Груевски, работи спротивно на државните интереси и се става во одбрана на криминалот. Дури користи и ист боксерски речник. Нека се потсети Мицкоски, оние што посакуваат нокаутирани граѓани доживуваат пораз токму од граѓаните.

Колку и да не му се допаѓа тоа на пионот Мицкоски, во Македонија функционира правото и правната држава, судството е ослободено од политички притисоци и законите важат за сите подеднакво.

Правда мора да има. Секој за кој низ судска постапка се докажало дека го прекршил законот и за тоа постои и правосилна пресуда, мора да понесе одговорност.