Заев: Крајна цел на реформите е подобарување на животот на граѓаните

Правосудниот систем, безбедносно-разузнавачките служби, јавната администрација и борбата против организиран криминал и корупција се областите кои се во фокусот на реформите содржани во Планот 18, кој е изработен во мај, а усвоен на Владата на 30 минатиот месец.

Планот 18  е продолжение на реформите кои беа спроведува со Планот 3-6-9. Со него продолжува усвојување на законите, но во него се содржани сите препораки од извештајот на ЕК. Планот 18 не се фокусира само на политичките критериуми, туку и на економските.

За Планот 18 денеска на брифинг во Владата говорат премиерот Зоран Заев, вицепремиерот задолжен за економски прашања, Бујар Османи, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за правда Рената Дескоска и министерот за информатичко општество и јавна администрација, Дамјан Манчевки.

– Целосно сме посветени на реформите. Тоа не е важно само за граѓание, овој процес будно го следи и Европската комисија и од нас ќе очекува резултати. Реформите, кои го отвораме се во областите кои се најавени во конечниот извештај за Македонија, истакна премиерот.

Воспоставување на правосуден систем на високо ниво, во кој ќе постои загарантирано почитување на уставно загарантирание слободи и права на сите граѓани, враќање на довербата во институциите , професионални и одговорни безбедносно-разузнавачки служби кои во фокус ќе ја имаат заштитата на државата и безбедноста на граѓаните, деполитизирана јавна администрација, капацитети подготвени за преговори со ЕУ, одговорни, отчетни и транспаретни институции, ефикасни сервиси и грижа за граѓаните и бизнисите, како и зајакната борба против организираниот криминал и корупцијата, особено преку финансиска независност на Државната комисија за спречување на корупцијата и нејзино ослободување од политичко влијание.

Ова се придобивките од реформите кои накусо ги појасни премиерот Заев, кој истакна дека сите овие мерки треба да донесат нови вредности во нашиот систем, кои паралелно со политичкиот процес со кој се одвиваат, а кој се однесува на имплементирање на Договорот од Преспа и претојните уставни измени, на крајот ќе донесат подобар живот тука во Македонија.

Османи, кој е координатор на овој механизам појасни дека се работи за широк консултативен и партицпативен процес во кои се вклучени сите релеватни чинители, меѓу кои и граѓанскиот сектор.

Напомена дека со граѓанскиот сектор се остварени две консултативни средби и од нив се добиени писмени забелешки, кои се вклучени особено во дефинирање на моделот на следење на реформите, индикаторите за реализација на конкретните мерки и нивна имплементација во секојдневното практикување на тие закони.

-Се обидовме да ја вклучиме и опозицијата, рече Османи, потсетувајќи дека тој лично имал средба кога почнала израбтката на драфт верзијата, но како што кажа за жал досега од неа не се добиени писмени забелешки.

Додаде дека повторно ќе се обидат да ја вклучат, со цел овој процес да се направи инклузивен и од политички аспект.

Министерот Спасовски говорејќи за реформите на безбедносно-разузнавачките служби истакна дека реформите таму се во втората фаза, откако веќе се формира Оперативно-техничката агенција, која ќе биде медијатор во процесот на прислушувањето и работи како посебна Агенција, која е надвор од УБК.

– Не постои ниту теоретска, ниту практична можност за злоупотреба на ПИ мерките. Одговорно тврдам дека нема да ни се повторат бомбите, рече Спасовски.

Сега, додаде тој, претстои реформата на УБК, формирана е меѓуресорска група. До 15 ноември на на Владата треба да и биде понуден еден трите модели за тоа како ќе функционира Управата.

– Потребен ни е добар модел, кој ќе нуди ефикасен систем за заштита на националната безбедност, функционирање на службите согласно меѓународните стандарди и правила, да дејстува ослободен од политички влијанија, да се максимизира неговата ефикасност со нови методи на работење кои ќе се фокусираат на превенција од новите форми на заканите, рече Спасовски.

Министерот потсети дека е формиран националниот координативен центар за борба против корупцијата и организираниот криминал, кој е оперативен и сега се работи на зголемување на човечките и техничките ресурси. Се изготвува и софтверско решение за безбедна комуникација и безбеден пренос на информации меѓу институциите со цел оваа борба да биде ефикасна.

Спасовски додаде дека се работи и на јакнење на капацитети за водење на финансиски истраги и конфискација на имот.

-Во Република Македонија, тука нема никакви  резултати. Изминатиот период само во три случаи бил конфискуван имот. Борбата против криминмалот може да биде ефикасна и тоа што е стекнато со криминални пари мора да биде одземено од државата, додаде тој.

Го најави и процесот не ветинг во полицијата, кој наскоро ќе почне, а кој има цел да се врати угледот на МВР, целосна професионализација и декриминализација на полицијата.

Според министерката за правда Рената Дескоска, нема  доцнење во делот на реформите во судството со планираните закони.

– За судските реформи, согласно усвоениот план имајќи го предвид застојот во Собранието заради референдумот, рокот е на почетокот на наредната година. Ние сме веќе подготвени, сега ќе ги пуштиме законите и се надевам дека Собранието ќе смогне сила да ги донесе до крај на годината, рече Дескоска, дополнувајќи дека уставниот закон, пак, ќе треба практично да ги операционализира амандманите.

Како што информираше, во собраниска процедура е законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, со вклучени препораки од извештаите од ГРЕКО, европскиот експерт Рајнхарт Прибе и од Европската комисија за напредокот на Македонија. Изборниот законик, пак, ќе биде пуштен во собраниска процедура откако ќе добијат одговор од опозицијата за изработената верзи, со што, според Дескоска, ќе се испочитува заложбата за нејзино вклучување во реформските  процеси. Се подготвува и законот за судски совет, како и за јавно обвинителство, со кој, укажа Дескоска, меѓу останатото, треба да се реши првин на техничко, а потоа и на политичко ниво ставот  за Специјалното јавно обвинителство.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски истакна дека се почнати активностите што следат и ќе овозможат подобри услуги за граѓаните, деполитизирана администрација, изградени институционални капацитети, подобра координација и начин на работа од страна на институциите со употреба на ИКТ…

–  Усвоена е стратегијата за реформни на администрацијата со Акциски план со конкретни мерки и буџет . Со хоризонталната функционална анализа која се прави првпат ќе следи реорганизација и оптимизација на администрација. За резултатите од анализата има конкретен акциски план со конкретни мерки и рокови. Онаму каде што анализата ќе покаже може да се укинат одредени институции, некои да се спојат, да се формираат нови. Во најголем дел тоа ќе значи оптимизација на јавниот сектор особено во делот на менаџерските структури. Никој нема да ја загуби работата, а на дел ќе им биде понудено ангажман во приватниот сектор, рече Манчевски.

Тој појасни дека за деполитизација на администрацијата ќе има нов закон за административна служба, при што ќе се знае што е политички ангажиран поединец, а што професонално.  Нивниот избор ќе биде со високи критериуми и компетенеции, кои ќе треба да ги исполнат иактуелните именувани лица.

Следи отворање на првата канцеларија за една точка на услуги во Скопје, а следната година уште во десет града, а во насока на подобри услуги е и функционирањето на националниот систем на електронски услуги.

Воедно ќе се работи и на унапредување на начелото за соодветна и правична застапеност.

– Повеќе во институциите во јавниот сектор ќе нема луѓе кои нема да одат на работа, а ќе земаат плата, рече Манчевски.

Тој најави дека ќе се направат промени и на Законот за општа и управна постапка, кој сега е неприменлив, а ќе има и ревизија и на законите за административни службеници и за вработени во јавна служба.

Одговарајќи на новинарски прашања Манчевски рече дека како Влада гарантираат до крај на годината да биде усвоен Законот за аудио и аудиовизуелни услуги.