Членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоески нема да оди на 16-тиот Конгрес на партијата што вечер почнува во Валандоново, пренесе ТВ 24. Формален повик за бојкот нема, а генералниот секретар Христијан Мицкоски е единствениот кандидат.
Телевизијата наведува дека меѓу делегатите кои нема да присуствуваат, се споменуваат и имињата на Илија Димовски и Борис Змејковски, како и дел од останатите потписници на иницијативата за одлагање на Конгресот.
Милошоски не се појави ниту на синоќешниот состанок на ЦК, а пред завчерашниот ИК на кој се отфрли барањето порача дека не треба да се дозволи партијата да избере лидер што ќе биде марионета. Слична порака упати и Илија Димовски