Владата на Република Македонија, на денешната 101. седница ќе ја разгледа информацијата во врска со иницијатива за воспоставување Заеднички економски Управен комитет помеѓу Република Македонија и Сојузна Република Германија.
Министрите ќе дебатираат и за информацијата за Акцискиот план за Регионална економска област и за формирање на Координативно тело за градење и спроведување на Регионалната економска област во Западен Балкан, со предлог – одлука и предлог – решение.
Дел од точките на седницата е и информацијата за доставен предлог Меморандум за реализација на заеднички интегрирана интервенција во пограничниот регион помеѓу Република Грција и Република Македонија.
Владата денеска ќе одлучува и за информацијата за потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Министерството за локална самоуправа на Република Македонија и Министерството за регионален развој и урбанизам на Република Бугарија со предлог на Меморандум.
На денешната седница ќе биде разгледана и информацијата за отворени податоци.