Фестивал АртАреа – Културна артерија на градот

Издавачката куќа „Бегемот“ од денеска до 24 декември во „Кино Култура“ ќе го организира фестивалот АртАреа – Културна артерија на градот.

– АртАреа е време-место за поврзување на различните уметности: книжевност, филм, театар, музика, поетски перформанс, архитектура, фотографија, анимација, ракотворство… Вљубениците во еден или неколку од овие изразни медиуми ќе бидат во можност бесплатно да посетат бројни настани од различни културни контексти. Во текот на трите фестивалски дена ќе бидат претставени внимателно одбрани плодови на десетици културотворци, соопшти „Бегемот“.