Писмена реакција за ставот на Бујар Османи

Почитувани,

 

Татковината е клекната на колена! И ДУИ не сака да остане покусо од Алијансата на Албанците и БЕСА! Бујар Османи соопшти сметаат дека е нормално барање во Преамбулата на Уставот да се наведе и Охридскиот Рамковен Договор како конститутивен документ за државата, ставајќи го во контекст на Крушевската Република, АСНОМ и 8-ми септември. Многу лукаво и опасно! Охридскиот Рамковен е договор после воениот конфликт во 2001 и е целосно преточен во амандмани кои се составен дел од постоечкиот Устав. Дали по истата логика на Бујар Османи треба и Договорот Заев-Ципрас да стане конститутивен документ за новата Република Северна Македонија? Дали е ова стратегија на Заев и Ахмети да ја подготвуваат јавноста за содржината на амандманите?

 

ДОСТА ГО ПОНИЖУВАТЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! ДА НЕ ТРЕБА И СРАМНАТА АМНЕСТИЈА НА ХАШКИТЕ СЛУЧАИ ДА ЈА СТАВИМЕ КАКО ТЕМЕЛНА ВРЕДНОСТ НА УСТАВОТ? ИЛИ ДА ГО НАВЕДЕМЕ АХМЕТИ И ДУИ КАКО ВЕЧЕН КОАЛИЦИОНЕН ПАРТНЕР НА СИТЕ МАКЕДОНСКИ ПАРТИИ И ЕВРОПСКА ВРЕДНОСТ? МАКЕДОНСКИ ПРАТЕНИЦИ ВЕ ГРИЗЕ ЛИ БАРЕМ МАЛКУ СОВЕСТА? ЗАРЕМ МОЖЕ ОВА ДА МУ ГО НАПРАВИТЕ НА СОПСТВЕНИОТ НАРОД?

 

Немакедонската Влада мора да се вразуми. Ова одење по тенка жица ќе им се удри од глава. Можат да ги злоупотребуваат до бескрај механизмите на власта, но не можат да го скршат националниот дух на Македонскиот народ! Татковината не може да биде плен на агендите на политичките партиии и личните интереси на лидерите! До вчера не лажеа дека Законот за двојазичност било последното барање на Албанскиот фактор. Сега се актуелни барањата за рамноправност меѓу Македонскиот и Албанскиот народ, амнестија на процеси од пред 10 години па наваму, едноставно нема крај на лудилото и силувањето на Македонските национални интереси! Зошто Македонците во Албанија не се конститувен елемент?

 

ОВА НЕ СЕ ЕВРОПСКИ ВРЕДНОСТИ! ОВА Е ТЕРОР НАД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! БРЗО ЌЕ ДОЈДЕ ВРЕМЕТО КОГА ИЗРОДИТЕ И ПРЕДАВНИЦИТЕ ЌЕ СЕ СООЧАТ СО СОПСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ!

 

 

 

 

                                                                                        Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                  Претседател,

                                                                                         МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА