Централен регистар одбележува 16 години постоење

Централниот регистар на Република Македонија одбележува 16 години постоење.  По тој повод ќе биде организирана и дводневна работилница (Regional workshop> registers – talking regional, thinking global oд Централен регистар, Регистарот за бизнис регистри на Рeпублика. Србија и Европската банка за реконструкција и развој – ЕБРД.

На конференцијата ќе биде презентирана демо верзија на Проектот – Регионалниот портал на бизнис регистри, а на која ќе учествуваат претставници на Регистрите од регионот.

Порталот беше почнат од страна на Србија и Македонија, согласно Меморандумот за разбирање на Европската Банка за реконструкција и развој – дизајниран како логички систем односно Регионален портал за регистрација на правните субјекти и овозможување на комбинирани сервиси и услуги со споредбени деловни податоци за правните субјекти како и информации за регистрираните сопственици, компаниите и нивните финансиски показатели, со микро и макро извештаи и анализи кои опфаќаат податоци и графички прикази.